Дваесетгодишно момче утрово околу 3.45 минути загина, откако врз него налетало возило „БМВ“. Тешката несреќа се случила на влезот во Нишка Бања во Србија. Како што дознава српски „Телеграф“, 20-годишниот С.К. настрадал додека му помагал на возач да ја промени гумата на автомобилот.
Тој поминуваше со еден другар, кога забележа автомобил „застава 101“ како застанува бидејќи му пукнала гума. Му понудил помош на возачот, ја зел гумата и се подготвувал да ја намести. Во тој момент налетал автомобилот кој го усмрти на лице место, велат изворите на „Телеграф“.
Возачот на „БМВ“, 27-годишниот Д.М., се здобил со повреди на главата и е префрлен во болница. Неофицијално, незгодата ја предизвикал под дејство на алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.