Почесниот претседател на СПС Милутин Мркоњиќ и лидер на СДС и некогашниот српски претседател Борис Тадиќ денес имале необична „спасувачка“ акција во болницата во која се лекуваат. Како што пренесуваат српските медиуми двајцата политичари и бивши коалициони партнери, додека чекале ред за преглед се нашле во необична ситуација, имено пред нив еден покрупен пациент кој бил на преглед за малку ќе паднел, па тие двајцата скокнале и го спасиле да не тресне на земја.
Медицинските лице се обидуваа да го префрлат на количка, но бидејќи беше крупен за малку ќе паднеше на подот. Мрка и Тадиќ потрчаа и го фатија. За среќа, се добро се заврши и човекот не се повреди, но Тадиќ малку ја повреди раката. Но ништо сериозно – раскажал сведок на настанот.
Мрка е во болница заради воспаление на белите дробови, не е позитивен како што се сомневаа лекарите, додека Тадиќ е на лекување поради компликации од корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.