Слободан Милошевиќ во преговорите во Дејтон во 1995 година одбил предлог за Косово кој ако го прифател можеби ќе ја зачувал некогашната српска покраина, дознава српски „Курир“
Американците му дале нацрт кој превдувал широка автономија за Албанците, намалување на влијанието на Белград, но сепак останување во рамките на Србија.
Но никој од неговиот тим немал храбост да му го однесе тој документ. Храбост собрал Небојша Вујовиќ но не си поминал добро бидејќи Милошевиќ збеснал.
Го прочита и луто стана и ја изгужва хартијата.Ме удри со хартијата и ми рече што мислат тие ,Косово е внатрешно прашање на Србија.Не доаѓа во предвид-рекол Милошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.