Најголемата дупка која се отворила во земјата во хрватското село Меченчани, кај Петриње, после земјотресот на тоа подрачје и понатаму се шири.
Дупката со ширина од 20 сантиметри и длабочина од најмалку пет метри, оградена е и после геолошките испитувања ќе биде решено за евентуална санација, утврдија геолозите.
Станува збор за рушење настанато од комбинација на суфозија и кршење на варовничка карпа под тло натопено со вода. Се испираат ситните честици и се создаваат шуплини, а потресот бил причина тоа да се случи во вакви димензии – рекол за Хина, Јосип Терзиќ, началник на Заводот за хидрогеологија и инженерска геологија на Хрватскиот геолошки институт.
Тој додал дека од обиколката на подрачјето во околина на селата меѓу Петриње и Хрватска Костајница, пријавени се триестина дупки, од кои некои се непосредно во близина на куќи, или како оваа најголемата, на нива.
Додал дека наскоро на поширокото подрачје ќе се сними состојбата со беспилотни летала како би се утврдило дали се уште има дупки во земјата во околина.
Полицијата ја огради дупката и тоа е се што можеше да се направи во овој момент. Што се однесува до санација, геолозите после своите истражувања, податоците ќе ги проследат на геотехничарите и градежниците, кои по правило на своите струки, ќе решат дали е потребно и дали воопшто можат да се санираат вакви дупки – заклучил Терзиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.