Дваесетидвегодишниот Александар Џ. од Пожаревац, Србија, е уапсен под сомнение дека ја убил сограѓанката Ружица К., која намерно ја прегазил додека возела велосипед, по што заминал од местото на несреќата. Како што дознава „Блиц“, за убиството уапсени се и Даниел (21) и неговиот татко Саша Станоевиќ (47), кои се сомничат дека го поттикнале Александар да направи тешкото убиство.

Осомничените татко и син биле во судир со загинатата жена поради имот, кој таа им го продала. Според извори на порталот, тие го убедиле Александар, нивен пријател, да ја прегази. Тој ја чекал во улицата каде таа живеела, а кога видел дека поминува, дал гас и ја прегзил. Потоа веднаш побегнал од местото и во околно село го запалил возилото.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.