Недељко Ѓуровиќ од Пожаревац уапсен е само еден ден после стравичното злосторство, а во полицијата го признал убиството на Милош Милеусниќ на Звездара.
За време на сослушувањето ги оставил сите во шок кога рекол дека неговата жртва била цеслона случајна и дека Милош бил првиот човек на кој наишол.
Рекол дека бил нервозен, лут и бесен бидејќи сфатил колку бил несреќен и дека неговиот живот бил безвреден, па решил да излезе и убие некого.
Несреќното момче Милош М. не го познавал, ниту биле во некаква врска, дури и на социјалните мрежи.
Милош Милеусниќ(24) студент од Чачак, убиен е во неделета наутро во белградската населба Ѕвездара, кога се враќал од кај девојка му. Милош е избоден околу 6 часот наутро, во зградата во која живеел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.