Жељко Селими од Панчево е уапсен за малтретирање на својата сопруга Валентина. 33 годишниот Жељко бил познат по своето насилничко однесување и таа често по кавгите си одела кај својата мајка. По една од вообичаените расправии тој почнал со нож да ја сече по лицето и градите. Но и тоа не му било доволно па почнале буквално да и ги вади очите.

Мајката на Валентина се загрижила што нејзината ќерка не и се јавува на телефон па ја известила полицијата. Кога полицајците дошле во станот ја нашле 44 годишната Валентина во локви крв, но не и насилникот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.