Kосовската полиција тепала момчиња од српска националност.
Таа ги уапсила двете момчиња кои носеле српско знаме по парастосот по повод Видовден, но набрзо ги пуштила.
Како што пренесува Танјуг, до инцидентот со полицијата дошло затоа што момчињата не сакале да им го предадат српското знаме.
Потоа припадници на специјалните единици на полицијата ги внеле во автомобил и ги одвезле, за да ги остават на патот Приштина-Митровица во близина на Газиместан.
Момчињата по прегледот во здравствениот дом во Грачаница се упатени на хирургија.
За српските власти ова е институционалното насилство на Приштина која на сите, освен на Албанците, им го ускратува правото на национална гордост и припадност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.