Поранешниот претседателот на парламентот на босанските Срби, Момчило Краишник (75) почина денеска како последица на корoнавирусот, објавија српските медиуми.
Краишник бил примен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска откако бил заразен со Ковид-19.
Раководството на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, предводено од генералниот директор проф. д-р Владо Џајиќ изразува искрено сочувство до семејството на починатиот, пишува Српскаинфо.
Краишник беше прв претседател на Националното собрание на Република Српска. Тој беше осуден од Хашкиот трибунал на 17 март 2009 година на 20 години затвор за злосторства извршени за време на војната во БиХ. Откако издржа две третини од казната, тој беше ослободен во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.