Продолжува потрагата по исчезнатото момче кое синоќа со автомобил „голф“ падна во реката Дрина во сембарското село Амајлије близу Биелина (БиХ).

На местото на настанот се припадници на противпожарната бригада во Биелина, Граничната полиција, Цивилната заштита, нуркачи и службениците на Криминалистичката полиција.

Според изјави на очевидци за локалните медиуми, возачот во еден момент успеал да се извлече од автомобилот, по што возилото почнало да тоне, а тој можел само да повикува за помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.