Момче и девојка утрово биле пронајдени мртви во гаража во Босанска Костајница. Според тамошните медиуми, полицијата ги истражува сите околности за трагедијата, а според информациите, момчето имало 29, а девојката 19 години.

Портпаролката на полицијата во Приедор, Звездана Аландаревиќ изјавила дека тие добиле информации за смртта на двајцата млади нешто по 19 часот. Патролата која се упатила на местото на настанот ги открила безживотните тела во автомобил паркиран во гаража.

„Истрагата е во тек и сè уште не можеме да зборуваме за причините за смртта“, рекла портпаролката Аландаревиќ

.

Според првичните неофицијални информации објавени во медиумите најверојатно двајцата млади се задушиле со јаглерод моноксид. Се претпоставува дека автомобилот во гаражата бил во функција, па издувните гасови од моторот довеле до смрт кај младата двојка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.