Во вторник шефицата на европската дипломатија Фредерика Могерини ќе ја има последната средба, во форма на работна вечера, со лидерите на земјите од Западен Балкан.
Работната вечера ќе се оддржи во Брисел, а на неа се повикани лидерите на сите шест западнобалкански држави, наведуваат извори од Европската комисија.
Портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич изјави дека ова ќе биде последен во низата неформални состаноци на високата претставничка на ЕУ со лидерите од регионот.
Високата претставничка Могерини со лидерите ќе размени видувања за случувањата во регионот, ќе ги разгледа заедничките предизвици и ќе заокружи што се е направено во текот на нејзиниот мандат, изјави Коцијанчич.
Од ЕК најавуваат дека и претседателот на Комисијата во заминување Жан Клод Јункер, пред работната вечера, ќе има одвоени средби со неколкумина од западнобалканските лидери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.