Поради малата имунизациска покриеност во северна Грција и со цел да се зголеми процентот на вакцинација, мобилни единици на Националната организација за јавно здравје, од денеска почнуваат имунизација во оддалечените места на северот од земјата. До четврток ќе бидат опфатени 48 села.

Во северна Грција ќе биде и генералниот секретар од Министерството за здравство Мариос Темистоклеус „во рамките на напорите за зголемување на процентот на вакцинација и со цел да се зајакне колективниот имунитет“.

Од полнолетното население во земјата, целосно се вакцинирани 71,3 отсто, прва доза примиле 79,9 проценти, а аплицирани се вкупно 12.420.000 дози.

Во Грција веќе е отворена платформата за закажување термин за вакцинација со трета доза на лицата над 50 години доколку поминале шест месеци од ревакцинацијата, а досега се вакцинирани 120.000 граѓани.

Трета доза од вакцината, во текот на денешниот ден, ќе прими грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.