За жал, мојата фризура е едноставна и сам ја уредувам, одговорил денеска пред новинарите бугарскиот премиер Бојко Борисов на новинарско прашање коментирајќи ги обвинувањата дека испратил луѓе да ја следат народната правобранителка Манолева додека таа била на фризер.
Знам дека пред некоја жена да се појави на телевизија треба да оди да и направи фризура. Така што, нема нешто понормално од тоа да одиш на фризер. Тоа е почитување и кон себе и кон другите луѓе. Многу сакам да имам фризер, но нема што да ми фризира, изјавил Борисов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.