Случајот со Јосип Роџак, 54- годишниот Хрват кој своите четири деца ги фрли од прозор на бетон го потресе целиот регион.

Во текот на вчерашниот ден тој дал изјава за полицијата, а локалните медиуми веднаш објавија што кажал.

Јас многу ги сакам тие деца.Секогаш сум се грижел за нив и сум ги хранел.На сите им купив и мобилни и со нив играв игри. Кога ми кажаа дека наскоро ќе мора да се отселиме од куќата многу ме погоди, само за тоа размислував, око не можев да склопам.Односно воопшто не можев да спијам.Не знам што ми се сллучи и зошто го направив тоа – рекол таткото монструм.

Нему му е одреден притвор од 30 дена.

Од полиција велат дека против него немале никаква пријава, но велат дека не им е јасно како Центарот за Социјална помош не побарал никаков надзор на децата кога знаеле дека имаат проблем во развојот, односно потешкотии во говорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.