Млад маж остана без нога поради новиот коронавирус, пренесуваат српските медиуми. Станува збор за 34-годишен Србин кому вчера му била ампутирана нога, откако добил тромбоемболија. Случајот го пренесува д-р Марија Здравковиќ, директорка во Клиничко-болничкиот центар „Бежанијска коса“ во Белград, која нагласува дека ковид-19 е многу чудно заболување и тешка болест која ги напаѓа сите органи.

Мислам дека сè уште не можеме целосно да ја разбереме оваа болест. Имаме 90-годишни кои од тука излегуваат на нога, а од друга страна, вчера имавме млад човек од 34 години, кому моравме да му ја ампутираме ногата, зошто доби тромбоемболија. Не знаеме ни како ни зошто, откри д-р Здравковиќ за „Пинк“.

Таа додава дека овој вирус е системско заболување, кое во натешките форми дава клиничка слика која личи на сепса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.