Јавноста во Србија веќе три дена исчекува разрешување на мистеријата за исчезнувањето на семејството од Алексинац. Таткото Горан Ѓокиќ (57), мајката Гордана (56) и ќерката Лидија (25) исчезнале во неделата околу полноќ кога се враќале од Моравац во Алексинац.
Тие биле таму на вечера кај мајката на Горан, кој е сопственик на менувачница.
Полицијата бара од граѓаните да се обратат до најблиската полициска доколку имаат информации за семејство. Припадници на МВР веќе влегла во станот во зградата во Алексинац каде живеат, но не открила ништо необично. Сите работи биле на свое место, ништо не недостасувало.
Новица Аритоновиќ, братот на исчезнатата жена, видно загрижен, објаснува дека на семејството му се изгубило трага помеѓу Моравац и Алексинац.
Снимени се со камера кај пералната кај Алексинац, нивниот „пасат“ таму минал во неделата во 00,10 часот. Не знаеме дали воопшто стигнал до станот, светлото било вклучено, но автоматски се вклучува кога ќе падне ноќта. Видов дека последен пат беа на вибер на 26 -ти, и оттогаш се губи секаква трага. До пред три дена беа во Врњачка Бања, така патуваа, но секогаш се јавуваа. Не знам што да мислам, ова никогаш не се случило досега, полицијата е вклучена, ќе видиме што ќе се случи – рече Аритоновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.