Бранислав Ивковиќ, човекот што беше до Милошевиќ до последните моменти за време на апсењето тврди дека Зоран Ѓингиќ и сопругата на Слобо, Мира Марковиќ имале интензивна комуникација во деведесеттите години.

Тие средби биле тајни па дури и двајцата се прекачувале по покриви на згради во Врачар за да не ги видат дека влегуваат во ист влез. Најинтензивна комуникација имале во 1994 година.

Тој верува дека Ѓинѓиќ имал искрени намери да не го испорача Милошевиќ во Хаг.

-Неколку пати се среќаваме поради Милошевиќ. Му беше жал поради одбивањето на Милошевиќ да се тргне на друго место-вели Ивковиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.