Министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, денеска ќе поднесе оставка на функцијата, поради учество на локалните избори како кандидат за градоначалник на Приштина.
Информацијата за косовските медиуми ја потврдиле извори од Владата на Албин Курти, најавувајќи ја прес-конференцијата на која Витиа ќе ја објави оставката.
Витиа е кандидат за градоначалник на Приштина од редовите на владејачката партија „Движење самоопределување“, која ја предводи премиерот Курти.
Локалните избори во Косово ќе се одржат на 17 октомври, истиот ден како и оние во Македонија.
Вршителка на должноста министер, до изборот на новиот челник на секторот здравство, ќе биде актуелната заменичка-министер, Дафина Геџа-Буњаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.