Арбен Витиа, косовскиот министер за здравство вечерва изјави дека пациентката која е примена на Инфективната клиника во Приштина најверојатно нема коронавирус.

Според информациите, се работи за државјанка на Велика Британија, која што работи во Косово. Таа била на скијање надвор од Косово, каде што дознала дека пет лица биле заразени од коронавирус.

Таа во моментот кога прочитала дека пет лица се заразени, почнала да кашла лесно, но без температура и други симптоми, и се упатила во Инфективната клиника за да направи контрола – изјави косовскиот министер за здравство Витиа.

Според него, се чини дека сепак жената не е заразена од коронавирус.

Околу полноќ треба да ги имаме резултатите, и најверојатно резултатот нема да биде позитивен, значи нема потреба од паника, изјави Витиа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.