Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, вчера го удри пратеникот на НСРС, Драшко Станивуковиќ, по расправијата околу знамињата на НАТО во Собранието.
За време на говорот во Националното собрание на РС, каде се одржува специјална сесија за програмата за реформи во БиХ, Лукач му се обрати на Станивуковиќ, кој со неколку други членови на опозицијата донесе мали знамиња на НАТО во салата на Собранието.
Знамињата се протест затоа што Станивуковиќ смета дека со потпишувањето на Реформската програма, испратена до седиштето на НАТО, Додик ја поништил „воената неутралност на РС“.
Сепак, Лукач имаше поинакво мислење за знамињата.
Додека се борев, над мојата глава летаа авионите на НАТО. Јас гледав дали ќе ми се појават бомби над мојата глава. Вие не можете да ги донесете овие знамиња. Тогаш бевте мали, но сега треба да знаете некои работи. Не го правте тоа, во спротивно ќе завршите како знамињата, рече Лукач.
Потоа, Станивуковиќ му пријде на Лукач, со намера да добие објаснување, а потоа го удри.
Жал ми е за тоа што се случи во Народното собрание. Се извинувам затоа што тие работи не се примерни за Народното собрание, но никој не смее да приоѓа заканувајчи се и да спречува говор, рекол Лукач и додал дека однесувањето на пратеникот не било примерно.
Нема чест во она што поедини пратеници го направија, порача Лукач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.