Нено Димов, министерот за животна средина и водни ресурси на Бугарија вчера беше притворен на 24 часа, по истражувањето на „ЕУрактив Бугарија“, кое покажа дека иако нивото на вештачкото езеро што го снабдува Перник со вода било алармантно ниско уште во август минатата година. Дополнително, тој се товари и за увоз на отпад во Бугарија, главно од Италија, пишува „ЕУрактив“.
Вчера Димов си поднесе оставка, а денеска доби и дополнителни 72 часа притвор, извести „mediapool.bg“.
Го товарат дека умислено нанел штета со давање дозвола за користење на вода од вештачкото езеро „Студена“’ за металуршката компанија „Стомана“ и за „Топлификација Перник“ и покрај неколкуте предупредувања од шефот на јавното претпријатие Водовод и канализација од Перник дека опаѓа нивото на водата во вештачкото езеро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.