По предлог на Националниот совет за труд, кого го сочинуваат седуммина министри, албанската влада донесе одлука со која од јануари се зголемува висината на минималната плата за 15,4 отсто.

Минималната основна плата на ниво на држава ќе изнесува 30.000 леки (245 евра) месечно од сегашните 26.000 леки (213 евра), колку што изнесуваше со одлуката од декември 2018 година. Тоа значи зголемување за 15,4 отсто или 32 евра.

Како што стои во одлуката на владата,овој износ на минимална плата, како и досега, должни се да го исплаќаат сите правни субјекти, односно домашни и странски фирми а се однесува за 172 работни часови месечно во „нормални услови за работа“.

Образолужувајќи ја одлуката министерката за финансии и економија, Анила Данај, рече дека тоа е со цел „одржување на животниот стандард на вработените“.

Зголемувањето на минималната плата отсекогаш била иницијатива на Владата, во рамки на „достоинствена плата“ за „ достоинствена работа“, имајќи ги предвид и барањата на синдикатите, додека „социјалната одговорност“ на бизнисот за достоинствена работа е мерливо, преку здравственото осигурување и посебно со реална плата и реално социјално осигурување, рече Данај.

Моментно минималната плата во Албанија е најниска во регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.