Познатиот бугарски политиколог Огнен Минчев, вели дека Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на „бугарско малцинство“ во Македонија.

Според Минчев, врз база на билатералната бугарско-македонска декларација од 1999 година е утврден принципот земјите да имаат обврска да ги почитуваат индивидуалните права на своите граѓани на самоидентификација и слободно изразување на својот идентитет во доброволни здруженија во сферата на граѓанското општество.

Минчев во објавата на Фејсбук додава дека бугарската држава признава рамноправни граѓани, а не малцинства и мнозинства.

Крајно време е во бугарските институции, најмногу во Министерството за надворешни работи, да почнат да раководат компетентни луѓе и да се запре донесувањето парцијални одлуки. Големата „беља“ што ја направија разни „патриоти“, не може да биде поправена со нови „идиотски решенија“, извадени од контекст и национален интерес – вели Минчев.

Во петокот, вршителот на должност шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев изјави дека Министерствоот за надворешни работи би сакало Бугарите во Македонија да бидат впишани во Уставот на земјата заедно со останатите наброени народи во него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.