Чедомир Јовановиќ, кој учестуваше во акцијата на апсење на Слободан Милошевиќ, се присети на разговорот до него кога останале насамо во вилата „Мир“.Јовановиќ за „Неделник.рс“ откри дека Милошевиќ бил разочаран што во 1994 година кога тогашна Југославиа и покрај санкциите економски закрепнала тој не добил Нобелова награда.

Милошевиќ сметал дека Нобеловиот комитет е лицемерен бидејќи бил уверен дека неговата економска реформа заслужувала Нобелова награда.

За Нобелова награда беше номиниран и премиерот Заев заедно со неговиот грчки колега Алексис Ципрас за Договорот од Преспа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.