Според првичните проценки од парламентарните избори во Црна Гора, од обработени 58% од гласовите Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ освоила 34,4 отсто, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 33,3%. Коалицијата „Мирот е наша нација“ освоила 12 проценти од гласовите.
Но, опозицијата јавува дека е во предност во Подгорица, но и во Будва каде ДПС за првпат во историјата би била поразена.
На изборите имаше рекордна излезеноста од речиси 76 проценти, што е за дваипол отсто повеќе од изборите во 2016 година. На изборите учествуваа шест коалции и пет политички партии.
Гласањето се одвиваше во мирна атмосфера. До ДИК не биле пријавени поголеми инциденти, но евидентирани беа пријавите за масовно кршење на правилата за визуелна идентификација на гласачите. Од избирачките одбори не им барале на граѓаните да ги спуштат медицинските заштитни маски, со што потенцијално се овозможува гласање со друг документ за идентификација.
Црногорците ги дочекаа овие парламентарни избори длабоко поделени, во атмосфера на зголемени политички тензии меѓу владејачката Демократска партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ и опозицијата.
Евентуалната тесна победа на Ѓукановиќ ќе значи дека ќе мора да преговара за нова влада, и тоа со помалите партии, чија поддршка, според аналитичарите ќе дојде и со голема политичка цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.