Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ е позитивен на крооан вирус, откако имал контакт со ковид-позитивно лице.

„Претседателот има благи симптоми и добро се чувствува“, соопштено е од неговиот кабинет.

„Во согласност со епидемиолошките мерки престојува во самоизолација, од каде ќе ги извршува своите редовни претседателски должности“, се наведува во соопштението од кабинетот.

Нешто порано денеска, претседателот на Црна Гора ги откажа сите состаноци закажани за денеска, како и средбата со претседателот на Големото народно собрание на Рурција, Мустафа Шентоп, и тоа од претпазливост поради контактот со заразен до Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.