По обработени 99.07 отсто од избирачките места ширум Хрватска, според информациите на хрватските медиуми, Зоран Милановиќ е во недостижно водство пред Колинда Грабар Китрановиќ во вториот круг од претседателските избори.
Милановиќ освои 52,69 отсто, а досегашната хрватска претседателка 47,31 отсто од гласовите, пренесе „Јутарњи“.
Задоволен сум, резултатот е добар, победата е тесна, но чиста. Малку денес ќе го штедам гласот, ќе бидам со пријателите и ќе одам да спијам, изјави кратко Милановиќ за РТЛ.
Излезноста во вториот круг, во споредба со првиот, е поголема за околу 120.000 гласачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.