Поранешниот кошаркар Милан Гуровиќ, склучи договор со основното обвинителство со кој ја призна вината дека бил насилен кон жена му и ќерката, па доби казна од 10 месеци куќен притвор.
На Гуровиќ му е изречена и мерка забрана за доближување во следните шест месеци. Гуровиќ два дена беше во притвор, а потоа пуштен на слобода, со тоа што на себе има електронски уред за надзор и контрола дека нема да излезе од просториите во кои ќе ја служи казната.
Гуровиќ во вторникот ги претепал сопругата Тања (43) и ќерката Милица (16), а првичната изјава му беше дека бил нападнат од жена му, која е отечена во лицето поради ботоксот. Овој кошаркар имаше и забрана за влез во Хрватска, поради тетоважата со ликот на четничкиот водач Дража Михајловиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.