Состојбата со мигрантите на грчките острови е експлозивна и на раб на катастрофа, изјави комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.

 Состојбата на мигрантите, вклучително и барателите на азил, на грчките острови во Егејско море е драматично влошена во последните 12 месеци, рече Мијатовиќ.

Според неа, мигрантите живеат во неподносливи, ужасни хигиенски услови. Таа повика на итни мерки за подобрување на нивната состојба.

Сликата е шокантна за Европа во 21.век. Грчките власти мора итно да реагираат, вели Мијатовиќ. Таа информира дека мигрантите со часови чекаат за храна и за користење на тоалетите.

 Потребни се итни мерки за да се решат очајните услови во кои живеат илјадници луѓе, истакна Мијатовиќ откако ги посети локациите каде се обработуваат барањата за азил на Лезбос, Самос и Коринт.

Повеќе од 34.000 мигранти живеат на пет грчки острови, додека капацитетот на бегалските кампови е за 6.300 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.