Бремена Ирачанка се породи в шума во близина на местото Глина, околу 70 километри јужно од Загреб, откако нелегално влегла во Хрватска со сопругот, соопшти денеска полицијата.
Девојчето е родено вчера. Жената била во последната недела од бременоста, па полицијата повикала и брза помош. Тие ѝ помогнале да се породи на самото место пред да пристигне брзата помош. Таа и бебето подоцна биле префрлени во Општата болница во Сисак.
Истрагата откри дека трудницата е од Ирак и нелегално ја преминала границата. Мажот имал намера да аплицира за азил и се наоѓа во прифатилиштето за баратели на азил во Загреб, додека жената и бебето сè уште се в болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.