Помагајте, стана неподносливо! Гладни сме, жедни, а мигранти како мршојадци кружат околу нас…

Вака за српски „Телеграф“ го почнува своето сведоштво еден од очајните камионџии кои чекаат влез за Хрватска на граничниот премин „Батровци“. На овој излез од Србија, вели, има колона камиони долга околу шест километри, а на оној кај Шид, пак, дури 13 километри.

Чекаме и по 24 часа да ја поминеме границата. Никој не ни носи ниту чаша вода. Во меѓувреме, овде по автопатот се шетаат мигранти. Се движат во групи од пет до десет луѓе, носат ножеви, клешти, палки, шипки… Нè напаѓаат за да влезат во камионите и со нас да ја поминат границате, очајно раскажува возачот.

Негов колега денеска бил нападнат со шипка и расечен по раката.

Кога еден колега конечно стигна на 100 метри до преминот, ја отвори приколката и затекна петмината илегалци внатре. Им рекол да излезат, но еден од нив со шипка го пресече по раката, раскажува тој.

Возачот веднаш повикал полиција, од каде, како што изјави, му кажале дека „се работи за лица кои се без документи и не можат кривично да се гонат“.

Се чувствуваме целосно незаштитени. Прашање на време е кога некои од нив ќе се осмелат да нè нападнат со нож или којзнае што, не сакам ни да помислам. Ова е страшно, преплашено раскажува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.