Мигрант во местото Клашница во Република Српска пукал на полицајка откако службени лица пронашле куќа во која се криела група бегалци. Немало повредени во инцидентот, а мигрантите се разбегале.
Во тек е потрага во која се вклучени специјалните сили, жандармеријата како и хеликоптерската единица.
Во меѓувреме пронајдени се седумнаесет мигранти кои побегнале за време на полициската интервенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.