Мигрант, осомничен за кражба се обидел да му го одземе пиштолот на еден од полицајците. Овој инцидент се случил во Белград, а на социјалните мрежи има снимка од настанот.

Според српските медиуми, инцидентот се случил во продавница на улицата „Крал Милан“, од каде работниците пријавиле дека мигрант се обидувал да украде храна, поточно сирење.

Патролата пристигнала за кратко време, но мигрантот ги оттурнал полицајците, обидувајќи се да дојде до пиштолот.

На крај, сепак полицијата го уапсила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.