Мигрант во Тузла нападнал повозрасна жена, којашто продавала овошје. По инцидентот, жената од Тузла со иницијали Ф.А. (1955) е пренесена во клиничкиот центар во Тузла.
Според неофицијални информации, нападот го извршил Алжирец, објави „Тузлански.ба“, од каде што објавија видео на кое се гледа како мигрантот физички ја напаѓа жената.
Веднаш по нападот реагирала полицијата, по што Алжирецот е уапсен
Сите понатамошни мерки и активности во врска со овој случај ќе бидат преземени од во соработка со дежурниот обвинител – за „Тузлански.ба“ вели портпаролката на Полицискиот директорат, Амра Капиџиќ.
Очевидци изјавиле дека пред да ја удри жената, која продавала зеленчук и други прехранбени производи, мигрантот им создал проблеми и на вработените во пазарот „Бинго“, што се наоѓа во близина.
Тој беше видливо под дејство на некои опијати (алкохол или некоја дрога), беше целосно вознемирен и се однесуваше агресивно. Снимив за да го покажам неговото однесување, не сфаќајќи дека ќе употреби сила на таков брутален начин, штом го стори тоа, тој беше совладан до доаѓањето на полицијата – изјавил очевидецецот кој го снимил инцидентот.
По апсењето и мигрантот се пожалил на болка лишувањето од слобода, мигрантот исто така се пожалил на болка поради наводни тепачки во кои учествувал порано па и тој е испратен на лекарски преглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.