Најверојатно идниот премиер на Грција, Киријакос Мицотакис лидер на опоизициската Нова демократија, објави брошура со својата визија за земјата.

Медиумите не посочуваат дали Мицотакис има посебен план за Преспанскиот договор, но тој јасно ја издвојува важноста на регионот Македонија.

Конечно, осмислуваме меѓународни кампањи за вистинска, вистинска Македонија на прво место. Тоа го правиме со цел да ја вратиме реалноста и да го промовираме „името Македонија“ и македонските продукти на меѓународна сцена“, се наведува во програмата.

Меѓу главните предизборни ветувања на Нова демократија се намалување на ДДВ од 28 на 20 проценти во период од две години и намалување на невработеноста од сегашните 850.000 на помалку од половина милион за период од четири години.


Повеќе на Пресинг ТВ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.