Лидерот на Нова демократија утре ќе положи свечена заклетва со што и официјално ќе стане премиер на Грција. Извори од СИРИЗА за грчките медиуми нагласуваат дека Ципрас телефонски му честитал на Мицотакис и го информирал дека утре го чека да ја посети премиерската палата за примопредавање на функцијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во прес центарот во салата за конференции Запио, вечерва се очекува да дојде премиерот во заминување, Алексис Ципрас да одржи прес-конференција.

Според последните објавени резултати, Нова демократија ќе има апсолутно мнозинство во парламентот, односно меѓу 155 и 167 пратенички места од можни 300. Ова е најубедливата победа на една партија на изборите во Грција од 1981 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.