Верувам дека сите заедно, тешкотиите ги оставивме зад нас, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Стар“ и изразува оптимизам дека туризмот ќе се отвори, во првата фаза за земји со иста епидемиолошка слика со Грција и без задолжителен тест за посетителите.

Од 1 јули ќе почнат и директните летови на нашите острови. Но, сакам да размислите, дека се обидуваме да предвидиме што ќе се случи за пет седмици. Оваа седмица, од направени 1.300 тестови по случаен избор, на пристигнувања од странство, немавме ниту еден позитивен случај. И бидејќи пандемијата се намалува во сите европски земји, во овој момент е во пораст во Америка и во Латинска Америка, оптимисти сме дека ќе можеме да го отвориме туризмот, во првата фаза за земји кои имаат исти епидемиолошки податоци со нас со правење на тестови по случаен избор и да не биде потребно да ги тестираме сите кои доаѓаат во Грција“, вели Мицотакис.

Во однос на предвидувањата дека невработеноста во Грција ќе стигне до 20 отсто, Мицотакис вели дека „многу работи ќе зависат од тоа како ќе се движи туризмот“.

Грчкиот премиер, во интервјуто ги демантира сценаријата за предвремени избори, како и за реконструкција на Владата.

За можниот втор бран на ковид-19 наесен, Мицотакис објаснува дека ќе биде поразличен, бидејќи сега сите знаат кои се мерките за индивидуална заштита.

Ако имаме втор бран, прво, ќе бидеме многу поподготвени. Што значи помала можност за пренесување на вирусот. Сигурно ќе бидеме поподготвени за справувањето, во однос на здравствениот систем. За неколку седмици, успеавме и двојно го зголемивме, дури и привремено, бројот на кревети на интензивна нега. И воопшто не стигневме блиску до тоа да ги исцрпиме можностите на националниот здравствен систем“, рече Мицотакис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.