Се согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на европската перспектива на Македонија и Албанија, во разговор со грчките новинари по средбата со американскиот архиепископ и приемот во конзулатот на Грција во Њујорк.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, Мицотакис пред новинарите говорел за повеќе теми, меѓу кои и за правото на глас на Грците кои живеат во странство, за земјата како инвестициска дестинација, за кипарското прашање, како и за средбите со Реџеп Таип Ердоган и со Зоран Заев и европската перспектива на Македонија и Албанија, jави дописничката на МИА од Атина.

Земјите од Европската унија ќе го оценат текот на двете држави од западен Балкан и соодветно ќе се одлучат следните чекори. Се согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување(decoupling) – им рекол Мицотакис на грчките новинари според АНА-МПА.

Грчката новинска агенција додава дека „Заев бара да постои различен третман бидејќи смета дека неговата земја ги исполнува сите предуслови, независно од тоа што ќе се случи со Албанија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.