Војната сè уште не е добиена. Случаите и бројот на пациенти на Одделите за интензивна нега се намалуваат, како, но сепак, и најмало опуштање, може лесно да доведе до болно враќање назад, порача грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис во неговата денешна порака до граѓаните и додаде дека враќањето во нормалниот живот ќе биде постепено и во фази, но „само кога тоа ќе биде потврдено со научни податоци“.
-Остануваме дома, излегуваме победници, бидејќи една нишка ја дели победата од катастрофата. Ако докрај не се придржуваме до советите на експертите, може да го уништиме сето она што го постигнавме, рече Мицотакис.
Во неговата 11 минутна порака до граѓаните, грчкиот Премиер спомена дека во претходното обраќање потенцираше дека во битката со Ковид-19, април е најкритичниот месец, а сега рече дека „оваа е најкритичната седмица“ и се осврна на претстојниот празник, правејќи паралела меѓу страдањата во пресрет на Велигден и страста и жртвувањата „со цел да се надмине голготата на пандемијата и да се стигне до Воскресението“.
-Овој Велигден ќе го паметиме како Велигден на љубовта, но и на одговорноста. Ќе го поминеме разделени од нашите блиски. Можеби и далеку од нашите места и без поклоненија во црквите. Знам дека е многу тешко. Не е во опасност нашата вербам туку здравјето на верниците. Така, ќе ја оправдаме вистинската порака на големиот празник, која што е победа на животот над смртта, порача Мицотакис
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.