Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на средбата со новиот бугарски премиер Кирил Петков во Софија побара поддршка од Бугарија за евроинтегративниот процес на Македонија и Албанија.

Грција ги поддржува кандидатурите на двете земји во Еу под услов да ги исполнат критериумите кои се поставени за влез во Европската Унија, од кои најважно е добрососедството и во тој контекст очекувам брзо свикување на Меѓувладината конференција и сметаме на вашата поддршка за таа општа цел, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер ја соопшти грчката позиција за интегративниот процес на Западен Балкан во Европската унија и нагласи дека тоа е во интерес на сите.

Ќе имаме политичка полза, економска но и безбедносна полза како и напредок на целиот регион во Европската унија, нагласи Мицотакис по средбата со Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.