Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку видеоконференција, денеска ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, со кој претседаваат Македонија и Бугарија, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас вчера пак, учествуваше видеоконференциската средба на шефовите на дипломатиите на земјите од Берлинскиот процес.
Во фокусот, поддршката на ЕУ перспективата за Западен Балкан и регионалната соработка, напишаа на „Твитер“ и од грчкото МНР и самиот Дендиас.
Грчката поддршка за европската перспектива на земјите од регионот ја изрази и Мицотакис во четвртокот, за време на неговото видео обраќање на петтиот „Thessaloniki Summit 2020”.
Нашата земја, имаше голема чест и тешка должност да биде првата балканска земја што се интегрираше во европското семејство. По падот на берлинскиот ѕид, се покажа како економски партнер на нејзините соседи и искрен политички сојузник на патот кон демократизацијата и отворената економија. Грција ќе остане доследна на истиот пат, поддржувајќи ја интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија, секако со исполнети сите неопходни критериуми, истакна тогаш Мицотакис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.