Намалување на даноците, намалување на невработеноста, 2000 евра надомест за секое новороденче, кампања за промоција на „брендот Македонија“, подобро јавно здравство и јавно образование, се дел од приоритетите во програмата на Нова демократија за следните четири години доколку партијата по изборите на 7 јули дојде на власт.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија и кандидат за иден премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис на настан во Атина ја презентираше четиригодишната програма, базирана на 16 големи столбови, односно 16 области кои веќе се објавени во брошура на 20 страници која, како што рече Мицотакис, масовно ќе се дели за да стигне до секој граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Тоа е нашата лична карта во нашиот контакт со граѓаните и пасош за да ни изрази доверба, рече Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија рече дека е потребна „поддршка на семејството, односно поддршка на новите семејства“ и справување со демографскиот проблем и најави дека од први јануари 2020, ќе се дава додаток од 2000 евра за секое новороденче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.