Мојот предлог до Европскиот совет е оваа пресвртница да биде во 2033 година, триесет години по Самитот во Солун, за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес навистина можат да се радуваат да станат членки на eвропското семејство, изјави грчкиот премиер за новинарите во Брисел. Грција ќе препорача да се постави 2033 година како краен рок за завршување на пристапниот процес за Западен Балкан, изјави премиерот Киријакос Мицотакис за новинарите во Брисел, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.

Тој додава дека Грција стои на страната на Западен Балкан:

„Грција стои на страната на Западен Балкан, како најголема економија во регионот, како земја која ги искористи придобивките од приклучувањето кон европското семејство. Ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во нивниот пат да станат членки на Европската унија“.

Грчкиот премиер смета дека е многу важно да се понуди конкретна пресвртница за да се заврши овој процес.

„Знаеме дека за овие земји процесот е тежок… Сепак, мојот став е дека е многу важно да се понуди конкретна пресвртница за да се заврши овој процес. Мојот предлог до Европскиот совет е оваа пресвртница да биде во 2033 година, триесет години по Самитот во Солун, за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес навистина можат да се радуваат да станат членки на европското семејство”, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.