Сакам да бидам јасен: никакви нелегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани, ја зголемуваме нашата гранична безбедност, напиша на Твитер грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за обидот бегалци и мигранти од Турција, преку Еврос, да влезат во Грција и додава дека земјата нема да ги трпи последиците од одлуките донесени од други.
Значителен број мигранти и бегалци во големи групи се собраа на грчко – турската копнена граница и се обидоа, нелегално, да влезат во земјата. Сакам да бидам јасен: никакви илегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани, ја зголемуваме нашата гранична безбедност. Грција не сноси никаква одговорност за трагичните настани во Сирија и нема да ги трпи последиците од одлуките донесени од другите. За ситуацијата ја информирав Европската унија – напиша Мицотакис
Граничниот премин кај Еврос, од претпладнево е затворен, а според турските и грчките медиуми, од страна на Турција насобрани се мигранти и бегалци со намера да влезат во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.