Грција и Европа имаат граници на копно и море, а наша должност е да ги чуваме, порача грчкиот премиер Кријакос Мицотакис за време на неговата посета на новиот центар за прием на бегалци и мигранти на островот Самос. Мицотакис додаде дека во споредба со 2019 година, бегалските бранови се намалени за 90 отсто.

За новиот прифатен центар, што е од затворен тип, Мицотакис изјави дека целта е да биде за привремен прием на оние кои ќе пристигнуваат на Самос, додека да се одлучи дали бегалците и мигрантите треба да добијат заштита и азил или ќе се враќаат во нивната земја на потекло или во Турција, согласно заедничката изјава ЕУ-Турција.

Мицотакис додаде дека во новиот центар се сместени 300 бегалци и мигранти, иако има поголем капацитет и истакна дека тоа нема да се случило, бидејќи „Владата во пракса ја спровела нејзината обврска за безбедно и праведно чување на границите“.

Грција има граници на море и на копно. Европа има граници на море и на копно и наша должност е да ги чуваме овие граници. Во секој случај без да ги ставиме во опасност човечките животи, бидејќи за секое спречување на илегален влез што се случува на море има уште толку случаи кога нашата крајбрежна служба, пожртвувано, спасува човечки животи – истакна Мицотакис.

Тој паралелно порача и дека ќе продолжат со сите сили бегалскиот и мигрантскиот проблем да ги покренуваат на европско ниво, „објаснувајќи дека проблемот не е само европски, туку е длабоко европски проблем“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.