Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, во новогодишната порака упатена до граѓаните на таа земја, ги повика своите сограѓани да се вакцинираат против вирусот „ковид-19“.

Мицотакис апелира до сите да се вакцинираат откако вакцината ќе им биде достапна, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Вакцината против ковид е новогодишен подарок за 2021 година, а за возврат треба целосно да ја прифатиме како самозаштита и изразување солидарност кон нашите најблиски, рече Мицотакис во видео пораката.

Тој исто така ги повика граѓаните на Грција да бидат претпазливи за време на новогодишните и божиќните празници и да не ги симнуваат „своите здравствени чувари“ и покрај вакцината, која сега е достапна во ограничени количини.

Време е да го преминеме мостот помеѓу крајот на војната против корона вирусот и почетокот на битката за напредок – но ова е мост со невидливи стапици и мора да го преминеме полека и безбедно, заклучи грчкиот премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.