Претседателот на Албанија, Илир Мета, порача декаа пораките од Самитот во Словенија се охрабрувачки и дека економскиот инвестициски план и агендата за нови иновации треба максимално да бидат искористени за да закрепне економијата и да се спречи натамошната драматична депопулација на земјата.

Европската перспектива на регионот се остварува преку кредибилни реформи, кои се засноваат на европските принципи и вредности на демократијата, перспективата на основните права и владеењето на правото. Благодарност за политичката поддршка и сеопфатната помош што Европската унија продолжува да ја дава на Албанија и целиот наш регион, како прв и природен економски партнер, останувајќи целосно усогласена со заедничката стратешка цел за проширување – порача Мета на Фејсбук.

Тој додава дека регионалната соработка треба да биде сеопфатна и фокусирана на спроведување на преземените обврски и оценува дека прекршувањето на овие обврски и парцелизирањето на регионот е „контрапродуктивно со многу повеќе бескорисни вештачки поделби и конфликти и е спротивно на европскиот пат на нашите земји“.

Друга порака од Мета е важноста од брз почеток на преговорите за членство со Албанија и Република Македонија и визната либерализација за Косово, што е можно поскоро.

Поздравувајќи го словенечкото претседавање со ЕУ и сите други земји – членки за одржувањето на овој специјален Самит за Западен Балкан, ја повторувам важноста од брз почеток на преговорите за членство со Албанија и Република Македонија и визна либерализација за Косово, ветувања кои бараат итна имплементација – наведува Мета во реакцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.