Албанскиот претседател Илир Мета денеска предложи одржување на предвремени парламентарни и претседателски избори, со цел решавање на политичката криза во Албанија на 13 октомври, за кога беше декретирaн датумот за локалните избори, по поништувањето на 30-ти јуни.
На прес конференција, Мета рече: На 13 октомври и општи избори и претседателски избори. И јас ќе се кандидирам за претседател со овие овластувања. Еди Рама и Социјалистичкото собрание кои не ме сакаат нека кандидираат кого сакаат. Ова е патот што ја решава оваа ужасна криза на застапеност!
Мета нагласи дека не побарал од премиерот Рама да си замине од фотелјата, туку се обидел да ја реши кризата бидејќи нема отпочнување преговори без учеството на опозицијата на изборите.
Тој изјави дека предлогот за предвремени избори е негово решение, а ако Рама има друг предлог за решавање на кризата, добредојден е да го објави.
Не ме интересира кој ќе победи, Баша или Рама, но повеќе не сакам да изгуби Албанија за политички игри и игри на амбасади – рече Мета, пренесува Топ Чанел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.