Албанскиот претседател Илир Мета денеска испрати честитка до претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по повод донесувањето на Законот за употреба на јазиците.
Ова е историски и значаен настан за Албанците, големо и важно достигнување кое придонесува за демократијата и гарантирањето на еднакви права за граѓаните на сите националности, кои живеат во Македонија, вели Мета.
Како што пренесува албанската државна агенција АТА, ова постигнување, според Мета, е исто така многу важен чекор во спроведувањето на Охридскиот договор.
Албанците, отсекогаш биле ориентирани кон евроатлантските вредности, а со овој чекор покажаа восхитувачка зрелост и конструктивен став, додава Мета во честитката, вискоко оценувајќи ја и улогата што лично ја имал и Џафери во ова насока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.